Судски пресуди во Србија покажуваат дека група српски државјани предизвикувале немири во Франција и Германија по налог на руските служби
, објави Радио Слободна Европа (РСЕ) врз основа на пресудите до кои имал пристап. Како што е наведено, документите покажуваат дека тројца осудени за шпионажа и поттикнување расна дискриминација склучиле договор за признавање на вина со Високиот суд во Смедерево.
Според пресудите доставени до РСЕ, се наведува дека дејствијата биле насочени кон еврејските и муслиманските верски заедници, со цел да се зголемат тензиите во Германија и Франција, а наредбите и парите на групата биле дадени од „структури на разузнавачките служби на Русија“.


