Аферата која ја бранува црногорската јавност деновиве доби полициски епилог. Поранешна висока државна функционерка поднела пријава во полицијата во Подгорица откако во јавноста и на социјалните мрежи започнале да кружат нејзини експлицитни снимки.Според информациите објавени во медиумите, случајот станува многу посериозен од обична одмаздничка порнографија. Имено, функционерката наводно била во емотивна врска со лице кое во моментов е осомничено за извршување на свирепо двојно убиство.
Надлежните органи работат на утврдување на тоа како снимките протекоа во јавноста и дали се користени за уцена или политичка дискредитација.


