Социјалните мрежи и децата: Кои се најголемите ризици од прекумерното користење?

0
56

Децата и тинејџерите денес поминуваат сè повеќе време на интернет и социјалните мрежи, што според експертите носи бројни ризици. Истражувањата покажуваат дека младите можат да поминуваат и до девет часа дневно со медиумски содржини, најчесто преку паметни телефони и апликации како YouTube и TikTok.
Покрај забавата и комуникацијата, прекумерната употреба на социјалните мрежи може да доведе до зависност, изложеност на несоодветни содржини, сајбер-насилство, лажно претставување и злоупотреба на лични податоци. Дополнително, децата можат да се соочат и со опасности како педофилија, кражба на идентитет и други форми на интернет злоупотреби.
Експертите нагласуваат дека клучна улога имаат родителите и образовните институции, кои треба да ги едуцираат децата за безбедно користење на интернетот и да постават јасни правила за времето поминато пред екраните. Развивањето на медиумска писменост и критичко размислување се сметаат за најдобра заштита од потенцијалните опасности во дигиталниот свет.