Важно е Србија и Русија да продолжат со „прагматична соработка во области од заеднички интерес, и покрај сложените околности“, изјави денеска, 5 март, српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко.
Пред средбата, рускиот амбасадор изјави дека Русија сака односите со Србија да продолжат да се развиваат и дека „најважно е што Србија не се приклучи на санкциите“.
„Ако една земја се приклучи на санкциите, тогаш нема соработка – санкциите автоматски ја суспендираат. Тоа не зависи од желбите на Москва“, изјави Харченко за Радио Телевизија на Србија.


