Падна милионската „7-ка“ – Кавадарчанец освои над 1,2 милиони евра

0
45

Во 18-тото коло на играта на среќа Лото 7 од 37 беше извлечена главната премија – „седумка“ вредна 78.522.512 денари, односно околу 1,28 милиони евра. Според информациите, среќното ливче е уплатено во Кавадарци, со што градот доби нов милионер.
Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.
Покрај главниот добитник, во извлекувањето се регистрирани и 15 добитни комбинации со по шест погодоци, при што секоја од нив ќе добие по 31.707 денари.
Според податоците, ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, вредна околу 1,27 милиони евра. Најголемата премија досега, од околу 1,7 милиони евра, беше исплатена во август 2024 година, кога добитното ливче беше продадено во Охрид.