Уставниот суд соопшти дека ја запира постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите.
Како што информира Судот, предлогот не добил потребно мнозинство, па оспорениот акт останува во правниот поредок.
„Во сила останува линеарното зголемување на пензиите. Отпадна сомнежот за неуставност и Судот ја сопре постапката“, соопштија од Уставниот суд.
Постапката беше поведена поради сомнежи дека линеарното зголемување може да ја наруши уставната еднаквост, правото на сопственост и начелото на социјална сигурност, бидејќи еднакво ги третира пензионерите со различни придонеси.
Home МАКЕДОНИЈА Нема укинување на линеарното зголемување на пензиите- Судот го отфрли сомнежот за...


