Три месеци по пожарот во Вјесниковиот облакодер, утрово стигнаа багери и започнаа првите работи на рушење на овој објект.
Околу облакодерот уништен во пожарот и околните анекси е поставена ограда, а работниците на фирмата Eurco почнаа со чистење, по што следува подготовка за негово отстранување.
Солитерот во Загреб, зградата на некогашниот весник Vjesnik, целосно изгоре во пожарот средината на ноември. Пожарот го гасеа близу 100 пожарникари, нема загинати, а штетата е целосна.


