По откривањето на неколку случаи на шуга кај странски работници во една фабрика во Крагуевац, на овие лица им е отворено боледување, а сите што живеат со нив се ставени во изолација Од Домот за здравје во Крагуевац велат дека ситуацијата е под контрола и дека нема причина за паника. Исто така, потенцираат дека ова не е причина за напад кон странските работници, бидејќи случаи на шуга спорадично се појавуваат во Крагуевац и претходно.Само во 2025 година, регистрирани се околу 500 случаи.
Од Градската управа нагласуваат дека епидемиолошката состојба е под надзор и дека се постапува согласно протоколите и препораките на стручните служби на Домот за здравје и Институтот за јавно здравје Крагуевац.


