Земјоделци повторно прибегнуваат кон опасна и штетна практика – користење стари автомобилски гуми за палење на трската и стрништата. Од ТППЕ Кочани информираат дека нивни екипи излегле на терен по пријава за запалена трска, при што било утврдено дека огнот бил потпалуван со гуми, со цел подолго и поинтензивно горење.
Палењето гуми ослободува опасни материи во воздухот и може лесно да предизвика неконтролирано ширење на пожарот, особено во услови на суво и ветровито време.
Дали навистина има смисла со вакви постапки да се ризикува сопственото и туѓото здравје?


