Околу 22:50 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, сопственост на Љ.М.(58) од Штип. Пожарот зафатил дел од кујната и бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Подоцна, во 00:15 часот повторно било пријавено дека настанал пожар во истиот угостителски објект. Овојпат пожарот го зафатил кровот и пак бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредни лица нема, а увид е извршен од страна на екипа од СВР Штип, стои во денешното соопштение од СВР Штип…


