Нова рунда жестока пресметка помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. СДСМ прашуваат што би рекол Руте за конзулот и вице-премиерот кои наводно имаат врски со Русија, а ВМРО ДПМНЕ за блискиот соработник на Путин кој е во прегратки со Заев и Филипче

0
33

Нова рунда партиски пресметки за наводни руски конекции. СДСМ низ соопштение денес прашуваат што би рекол генералниот секретар на НАТО Марк Руте за почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои според нив имаат блиски врски со Русија. ВМРО ДПМНЕ пак, за Филипче и Заев кои му дале државјанство на човек на Путин, Александар Онишченко, и му овозможиле да тера бизниси во Македонија.