Истражниот судија на Основниот суд во Никшиќ му одреди притвор на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и поранешен премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во траење до 30 дена. Како што е најавено, истражниот судија смета дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот, доколку биде ослободен, би можел да избега и да биде недостапен за државните органи на Црна Гора во понатамошниот тек на постапката. „На предлог на Основното државно обвинителство во Никшиќ, на А.Ѓ. му е одреден притвор поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено поседување и носење оружје и експлозиви


