Во заеднички авторски текст за угледниот германски „Франкфуртер алгемајне цајтинг“ (ФАЦ), претседателот на Србија и премиерот на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, му понудија на Брисел необичен договор: да ни дадат пристап до единствениот пазар и до Шенген, а ние не бараме право на вето. Додека некои ова го гледаат како спас за проширување, други веруваат дека ова е единствениот реалистичен пат до бриселската маса, пренесе „Бета“
Тие додаваат дека научиле, честопати на тешкиот начин, колку е тешко да се убедат сите земји членки да ги забрзаат процесите на пристапување на земјите кандидатки и колку лесно може да се блокира напредокот, „честопати од причини вкоренети во внатрешните политички размислувања на поединечните земји членки“.
Тие велат дека ја напишале статијата заедно „затоа што признаваат дека Европа денес се стреми кон две подеднакво легитимни цели – земјите кандидатки бараат реален пат кон полноправно членство, додека земјите членки сакаат да го зачуваат капацитетот на ЕУ за дејствување и за нејзиното единство“.


