Ако навечер тешко заспивате или често се будите, решението можеби се крие во една едноставна и вкусна намирница – ф’стаците. Овие јаткасти плодови природно содржат мелатонин, хормон кој го регулира циклусот на спиење и будност и му помага на телото полесно да „влезе“ во фаза на одмор.
Од сите јаткасти плодови, ф’стаците се издвојуваат по највисоката содржина на мелатонин. Овој хормон придонесува не само за побрзо заспивање, туку и за подолг и поквалитетен сон – нешто што е особено важно за менталното и физичкото здравје.
Покрај мелатонинот, ф’стаците се богати и со магнезиум и витамин Б6. Магнезиумот го релаксира телото и мускулите, што овозможува подлабок и поодморен сон. Витаминот Б6, пак, учествува во создавањето на триптофан и серотонин – супстанции кои имаат значајна улога во регулирањето на расположението и сонот.
Експертите советуваат грст ф’стаци да се консумираат околу еден час пред легнување. Овој природен пристап може да биде корисна алтернатива за оние кои сакаат да избегнат таблети за спиење и да го подобрат сонот на здрав начин.
Следниот пат кога ќе се превртувате во креветот, наместо да посегнете по телефон, обидете се со мал, хранлив оброк од ф’стаци – можеби токму тоа ќе ви помогне да потонете во мирен и освежителен сон.


