Албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ со ко-авторски текст за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, нагласуваат дека не инсистираат на членство во Европската Унија, туку на прием на нивните земји во единствениот европски пазар и Шенген зоната. Проширувањето на учеството во рамките на Шенген и Шенгенскиот пазар – на подготвените земји-кандидатки би можело да донесе големи придобивки за граѓаните, а воедно и да ја зајакне економската и геополитичката позиција на Унијата, се наведува во колумната. Ние сме коавтори на овој текст бидејќи препознаваме дека Европа денес се соочува со две подеднакво легитимни цели, зајакнување на ефикасноста и економијата, но и стабилноста на Унијата и за членките и за кандидатите.


