Татко нападнал малолетен син во Кочани, сопруг нападнал сопруга во Берово и три лица нападнале 48-годишен пред беровско казино

0
42

На 26.02.2026 во 10:40 часот во ОВР Кочани, 41-годишна жена од Кочани пријавила дека на 24.02.2026 околу 19:00 часот, нејзиниот сопруг Т.М. физички го нападнал нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.02.2026 во 13:40 часот во ОВР Берово, жена од Берово пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг. Известе е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.02.2026 во 13:30 часот во ОВР Берово, С.В.(48) од Берово пријавил дека на 14.02.2026 пред казино во Берово бил физички нападнат од Т.С., Д.Р. и В.Р., сите од Берово, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Итна медицинска помош Берово. Се работи на расчистување на случајот.