Албанија од денес има нова влада, откако премиерот на земјата Еди Рама доцна синоќа разреши седум министри, вклучувајќи ја и неговата заменик-министерка за инфраструктура Белинда Балука, која е под истрага за корупција.Реконструкцијата доаѓа во услови на зголемен притисок од Специјалното обвинителство (СПАК), обвинувања за корупција во владините редови и континуирани протести од страна на опозицијата предводена од Демократската партија.


