Радио-телевизија БиХ престана да емитува програма – црн екран на јавниот сервис

0
51

Радио-телевизија Босна и Херцеговина (BHRT) денес престана со емитување на својата програма,На телевизиските екрани на фреквенцијата на која ја емитува програмата телевизијата БХРТ од 7 часот, може да се види само известувањето дека емитувањето на програмата е прекинато не по волја на вработените, туку поради долгогодишно непочитување на законите на Босна и Херцеговина.
„За да се продолжи со работата, потребна е итна реакција на Парламентот на Босна и Херцеговина, Советот на министри и Канцеларијата на високиот претставник (OHR)“, се вели во известувањето.
Според достапните информации, рокот даден од Европската радиодифузна унија (EBU) на БХРТ, за подмирување на долг во износ од повеќе од 11 милиони евра, истекува за два дена, по кое ќе следи блокирање на сметката.