Во операцијата Армагедон, која беше спроведена на неколку локации, 7 лица беа уапсени под сомнение за сторено кривично дело прикажување, добивање и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетно лице за порнографија. Се сомнева дека во текот на подолг временски период, тие преземале, складирале и споделувале материјал создаден преку сексуална експлоатација на деца преку DarkWeb, се вели во соопштението.
За време на претресот на становите на осомничените, на електронски уреди беа пронајдени неколку гигабајти фотографии и видеа, на кои се прикажува тешка злоупотреба на деца, во повеќето случаи на возраст меѓу 4 и 14 години, класифицирани по возраст, пол и други параметри.


