Хорор: Маж ја убил сопругата со нож, делови од телото закопал во дворот

0
38

Окружното јавно обвинителство во Осиек, по спроведена истрага, поднесе обвинение против 53-годишен хрватски државјанин за тешко убиство на неговата сопруга. Злосторството се случило минатата година во селото Тења, а обвинението е поднесено пред Окружниот суд во Осиек, пренесуваат хрватските медиуми.
Обвинението го товари 53-годишниот маж дека ја избол својата сопруга со остар предмет по целото тело, во периодот помеѓу 2 август и 2 септември лани. Тој потоа го распарчил телото и делови закопал низ дворот на нивната семејна куќа.