Блокадите на земјоделците се шират сè повеќе низ Србија денес се одржуваат на околу 80 локации, а на некои места траат континуирано, пишуваат српските медиуми.
Земјоделците протестираат на улиците веќе две недели, а тие протести и блокади на патиштата беа радикализирани вчера, па блокадите беа организирани на 50 локации вчера. Сепак, денес тој протест е проширен уште повеќе, па има блокади на околу 80 локации низ цела Србија.
Како што изјавија тие остануваат на блокадите сè додека не се исполнат нивните барања и не се воведе привремена забрана за увоз на земјоделски производи, а пред сè, млеко.


