ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 49-годишен прилепчанец, кој со фалсификувана диплома за завршено осмо одделение сакал да се запише во автошкола за да полага за возачка дозвола.
Како што велат од прилепската полиција, Н.А. имал само четврто одделение и ќе одговара за кривично дело „фалсификување на исправа“.
„Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одд. Целта му била со документот да се пријави во автошкола за полагање возачки испит“ наведуваат од полицијата
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава, пренесува Слободен Печат.


