Нов лик за „Питу Гули“ – се гради модерна улица во Македонска Каменица

0
32

Во Македонска Каменица во тек е изградбата на улицата „Питу Гули“ во вкупна должина од 225,32 метри, со што значително ќе се подобри сообраќајната и комуналната инфраструктура во овој дел од градот.
Проектот опфаќа изградба на нов коловоз, тротоари за безбедно движење на пешаците, атмосферска канализација и современо јавно осветлување. Со оваа инвестиција се решава долгогодишен инфраструктурен проблем и се создаваат поквалитетни услови за живот на жителите.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 14.439.173 денари, средства обезбедени од Влада на Република Северна Македонија преку Министерство за транспорт.