Адвокатката Ивана Коцевска побара Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“, да биде префрлен во затворот Идризово поради нечовечко и понижувачко однесување од персоналот во Куманово, како и потреба од лекарска интервенција. Судот го одби барањето на адвокатот Петре Шилегов за преиспитување на обвинението против Шефкет Хазари. Во пожарот во „Пулс“ на 16 март 2025 година, загинаа 63 лица, а обвинети се над 30 физички и три правни лица. Судењето продолжува со сослушување на сведоци.
Home МАКЕДОНИЈА Адвокат бара префрлање на сопственикот на „Пулс“ во Идризово поради нечовечко однесување...


