Црногорка украла 70.000 евра: На дечкото му купила Голф 7

0
48

Полицијата во црногорскиот град Плав ја уапси 26-годишната Р.Џ. под сомнение дека од 70-годишник украла 70.000 евра, 1.100 долари и 300 швајцарски франци. Случајот е решен за само еден ден по пријавата, а полицијата пронашла повеќе од половина од украдените пари и автомобил кој бил купен со нив.
Кражбата се случила крајот на јануари, а пријавата е поднесена на 19 февруари. Полицијата во многу краток рок ја идентификувала и уапсила осомничената, а во нејзиниот стан во пронашла и одзела голем дел од украдените пари, како и возилото купено со нив .
„Парите кои ги криела на добро замаскирано и невидливо место, почнала да ги троши на патувања, луксузна облека, накит и подароци. Дел од парите – 11.000 евра – му ги дала на својот партнер, кој со нив купил возило VW Golf VII“, наведува полицијата.