Во две одделни контроли на 23 февруари 2026 година, полициски службеници од ОВР Кочани и на наплатната станица кај Свети Николе лишиле од слобода двајца возачи поради управување возило под дејство на алкохол.
Кај 23-годишен возач од виничко биле измерени 1,75 промили алкохол, додека 37-годишник од Пробиштип управувал со 1,91 промили и покрај активна забрана за возење. Двете возила се одземени, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Штип.


