Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар.Така цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69 денари по литар.
Поскапува и екстралесното масло за домаќинство, од 67 на 68 денари по литар.


