Во новата детска градинка во делчевската населбата Расадник –заврши изградбата на ново детско игралиште, опремено со повеќе содржини и безбедна подлога, наменето за најмалите жители.
Покрај игралиштето, во согласност со проектната документација, во тек е изградбата на дворна ограда во должина од околу 200 метри, како и летниковец, пешачки патеки, клупи и канти за отпад, со што целосно ќе се уреди надворешниот простор на градинката.
Градежните активности ги реализира фирмата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот изнесува 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ.
“Работите се одвиваат квалитетно и со засилена динамика, со цел да се обезбедат подобри услови за престој, игра и развој на децата – како инвестиција во иднината на заедницата”, истакна градоначалникот Иван Гоцевски.



