Интересна појава е забележана оваа недела крај брегот на хрватскиот остров Црeс, откако човек доставил видеоснимка од голема ајкула што се движи низ Јадранското Море, до Институтот „Син свет“.Иако квалитетот на видеото не е сосема јасен, експертите, врз основа на карактеристичниот облик на грбната перка, заклучија дека најверојатно станува збор за џиновска ајкула од видот Cetorhinus maximus, вториот најголем вид ајкула и риба воопшто во светот, Џиновската ајкула се смета за редок вид во Јадранот, но, сепак, е постојано присутна по должината на источниот јадрански брег.
Најголем број документирани видувања има во северниот дел на Јадранското Море, особено во Кварнерскиот Залив – област позната по тоа што има најголема биомаса на зоопланктон во Јадранот.
И покрај импресивната големина и изглед, таа не претставува никаква опасност за луѓето и воопшто не се храни со месо, туку со зоопланктон како главна храна. Овој миграторен вид се храни слично како китовите – плива бавно со широко отворена уста, филтрирајќи го планктонот од водата.
Со должина што може да надмине 10 метри, џиновската ајкула е втора по големина веднаш по китообразната ајкула


