Возач прегазен од сопствената кола во Истанбул

0
50

Шокантна несреќа се случи во саботата, во Истанбул, кога 48-годишниот Саваш Д. се прегазил со својот автомобил Додека возилото се движело наназад, Саваш Д. одеднаш паднал од возачкото место. Додека се обидувал да сфати што се случило и да стане на нозе, автомобилот поминал врз него. Автомобилот без возач удрил во Саваш Д. и го заглавил меѓу возилото и ѕидот. Саваш Д. бил повреден, а оштетувања настанале и на возилото. Утврдено е дека има скршен колк и згмечени нозе, по што со амбулантно возило бил пренесен во болница.Соопштено е дека неговиот живот не е во опасност. Во меѓувреме, полицијата извршила увид и составила записник за несреќата.Утврдено е дека возачот не бил пијан.