Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на 8 март во Љубљана ќе биде промовиран за член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.
Изборот претставува признание за неговите заложби за поврзување на науката и бизнисот, а во одборот членуваат реномирани професори и бизнис-лидери од повеќе европски универзитети и компании.
Економскиот факултет во Љубљана важи за една од водечките високообразовни и научно-истражувачки институции во регионот, додека Универзитетот во Љубљана е единствениот словенечки универзитет рангиран меѓу 500-те најдобри во светот според Шангајското рангирање.
Home МАКЕДОНИЈА Бранко Азески член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет при Универзитетот...


