Адвокатите во Србија почнуваат тридневен штрајк

0
32

Тридневен штрајк на адвокатите во Србија ќе почне денеска во знак на протест против измените на судските закони, познати и како „Мрдиќеви закони“, објави Адвокатската комора на Србија (АКС).Во одлука објавена на веб-страницата на АКС на 11 февруари, Комората ги повика надлежните органи да преземат „мерки во рамките на нивната надлежност и да го поништат усвоениот сет измени на судските закони“, под закана за штрајк на адвокатите на територијата на Србија од 23 до 25 февруари.
Бидејќи, како што тврди Комората, немало реакција, беше најавен штрајк на територијата на цела Србија.