Во Албанија се уапсени 46 лица поради насилничко однесување на синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, кој траеше четири часа, и во кој врз владата и врз парламентот беа фрлани молотови коктели и пиротехнички материјали.Судирите меѓу полицијата и демонстрантите започнаа веднаш по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, а продолжија пред Парламентот, каде што демонстрантите се обидоа да го пробијат кордонот на полицијата, а попатно запалија и многу контејнери за отпад.
Покрај полициските службеници беа вклучени и специјални единици за разбивање нереди, а употребени беа водени топови и солзавец.


