Утре православните верници го одбележуваат празникот Прочка, ден кога си бараме и даваме прошка, за со чисто срце и мир во душата да влеземе во Велигденските пости. Со зборовите „Прости ми“ и „Простено да ти е“, верниците се потсетуваат дека прошката е темел на верата и љубовта. Само со искрено покајание и простување можеме достојно да го дочекаме Христовото Воскресение и радоста на Велигден…


