Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, на која се разговараше за унапредување на соработката, со посебен акцент на образованието и престојот на турските студенти во градот.
„Штип како универзитетски и регионален центар, претставува отворена и гостопримлива средина за сите студенти и граѓани кои избираат тука да студираат, работат и живеат. Присуството на турските студенти во нашиот град има особено значење, не само од економски аспект, туку и во контекст на збогатување на општествениот живот, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и градење мостови на пријателство меѓу двата народа“, истакна градоначалникот Иван Јорданов.


