Тошковски: Од 120.000 прекршоци на само 500 со „Сејф Сити“

0
72

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека со имплементацијата на системот „Сејф Сити“ бројот на сообраќајни прекршоци драстично се намалил – од 120.000 во тест-периодот на околу 500 дневно.
Во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, тој посочи дека системот регистрира недозволена брзина, минување на црвено и нерегистрирани возила, а во иднина ќе опфаќа и погрешно паркирање.
Според него, намалени се и сообраќајните несреќи, како и бројот на повредени и загинати, што покажува дека системот дава резултати.