Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека МВР поднело кривична пријава против 10 лица за нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога по член 215 од Кривичниот законик. Двајца осомничени се во 48-часовен притвор.
Како што посочи Тошковски во емисијата „Клик Плус“, истрагата е резултат на обемни контроли во лиценцирани производствени капацитети за медицински канабис, при што се одземени околу 40 тони марихуана што не била третирана согласно законските прописи. Дел од компаниите работеле законски, но кај други биле утврдени сериозни неправилности.
Случајот е поврзан и со заплената на дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од земјава. Истрагата се води во координација со надлежните органи, а Владата наложи дополнителни контроли во сите лиценцирани капацитети за да се утврди фактичката состојба и да се санкционираат евентуалните незаконитости.


