Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

0
38

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има предвремени парламентарни избори сѐ додека граѓаните не побараат такво нешто, нагласувајќи дека приоритет на Владата се реформите и стабилноста.
Во гостување на Канал 5, тој истакна дека земјава е блиску до редовните избори и нема потреба од дополнителни политички турбуленции. Најави и дека реконструкцијата на Владата ќе заврши во мај или најдоцна до јуни, по разговори со коалициските партнери.
Мицкоски додаде дека атмосферата во Владата е одлична и дека фокусот останува на работа и испорака на резултати.