Вкупно 338.468.141 денари се исплатени на 9.567 овоштари во рамки на Мерката 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади.
“Продолжуваме да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да допринесуваме кон развојот на македонското земјоделство”, истакна министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.


