Запленети комбе и автомобил во акција на шумската полиција над село Банско

0
65

Планината Беласица над село Банско повторно е цел на дрвокрадци, но денес беше спроведена координирана акција на ПШС „Беласица“ при ЈП Македонски Шуми и шумската полиција од Струмица и Валандово.
Во акцијата, спроведена на локациите Муртински Колиби и Јаворник, одземени се ТМВ комбе и ПМВ автомобил со кои била предизвикана значителна штета. Против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Надлежните најавуваат засилени контроли и продолжување на борбата против нелегалната сеча и трговија со дрва.