Вселенската патријаршија прогласи нови светители

0
49

Светиот синод на Вселенска патријаршија, заседавајќи во Фанар под претседателство на патријархот Вартоломеј I, едногласно одлучи да ги впише во диптихот на светителите јеромонахот Тихон Светогорец и монахот хаџи Георги.
Преподобен Тихон (1884–1968), духовен отец на Свети Пајсиј Светогорец, се подвизувал на Света Гора во строг монашки живот исполнет со молитва и смирение.
Преподобен хаџи Георги (1809–1886), родум од Кападокија, бил познат по својот подвижнички живот и духовно раководство меѓу атонските монаси.
Со оваа одлука, уште две личности од Света Гора Атонска се прибројуваат кон соборот на светителите, како сведоштво за живата монашка традиција.