СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалид на трудот сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С. (44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.


