Блокада со автомобили, земјоделска механизација и масовно присуство на жители од селото Блатец утре ќе биде блокиран магистралниот пат Виница- Берово, кај местото Скараница. Утре од 15.00 -17.00 часот ќе биде блокиран патот Виница-Берово кај местото Скараница
Блокада со автомобили, земјоделска механизација и масовно присуство на жители од селото Блатец утре ќе биде блокиран магистралниот пат Виница- Берово, кај местото Скараница.
Причина е намерата на река Блатешница да се изгради мини хидроцентрала на што жителите жестоко се спротиставуваат.
– Блокадата е наш голем револт бидејќи некој сака да ни ја земе егзсинтенцијата и животот во нашето прекрасно село Блатец. Без Блатешница за нас нема живот и ние изградбата нема да ја дозволиме, објаснија организаторите на протестот.

