Стартува задолжителниот воен рок – обезбедени 120 простории за првата генерација!

0
34

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, најави дека од јануари ќе започне службата на првата генерација млади кои ќе бидат обврзани да поминат задолжителен воен рок.. За таа цел, армијата подготвила над 120 утврдени простории каде ќе се извршува обуката.
Гашиќ истакна дека враќањето на задолжителната воена служба не е ниту лесно, ниту евтино, и дека Министерството веќе ги започнало подготовките на сите законски и подзаконски акти потребни за стапување во сила на оваа обврска.