Откажани летови и возови во Букурешт – аеродромот е затрупан од снег

0
71

Обилниот снег на Меѓународниот аеродром „Анри Коанда“ во Букурешт предизвикаа сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај на повеќе линии, со откажувања и пренасочувања на домашни и на меѓународни летови Аеродромските власти соопштија дека зимските временски услови, вклучително и наталожен снег и намалена видливост, влијаеле врз функционирањето на пистите, поради што имало доцнења додека екипите ги расчистуваат површините и обезбедуваат безбедно движење на авионите.

Дел од летовите, што биле на пат кон Букурешт, биле пренасочени кон алтернативни аеродроми, додека, пак, други биле целосно откажани од безбедносни причини.
Авиокомпаниите, што оперираат на аеродромот во Отопени, во текот на денот го прилагодувале распоредот, ги известувале засегнатите патници и нуделе повторни резервации или поврат на средства, каде што е применливо.

Државниот железнички превозник „ЦФР Калатори“, исто така, откажа над 20 патнички возови поради силниот снег и виулици што предизвикаа сериозни нарушувања во железничкиот сообраќај низ повеќе делови од земјата,