Три жени од Тиквешијата биле мета на измами во рок од неколку дена, потврдуваат од Сектор за внатрешни работи Велес.
Во два случаи, 72- и 77-годишни неготинки добиле телефонски повици од лица кои се претставиле како директор и лекар од болницата во Велес, барајќи по 20.000 евра за наводна итна операција на внука, односно ќерка. Во позадина се слушал женски плач за измамата да звучи поверодостојно. Двете жени навреме сфатиле дека станува збор за измама и не предале пари.
Во третиот случај, 28-годишна кавадарчанка била измамена за околу 180.000 денари (близу 3.000 евра), откако прифатила предлог за заеднички бизнис кој никогаш не се реализирал.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и апелираат граѓаните да не подлегнуваат на паника, да не носат одлуки под притисок и секој сомнителен повик веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.
Home МАКЕДОНИЈА Напад на „лажни лекари“ во Тиквешијата: Барале десетици илјади евра за непостоечки...


