Продолжуваат градежните активности за изградба на фекална канализација во село Тодоровци, во деловите Ѓурѓина Ливада во должина од 430 метри и Ѓачко маало со 664 метри нова канализациска мрежа.
“Проектот, чија вкупна вредност изнесува околу 4 милиони денари, претставува значајна инвестиција во унапредување на комуналната инфраструктура и директно придонесува за подобрување на квалитетот на живот на жителите.
Со реализацијата на оваа фаза се создаваат услови за почисто и поздраво животно опкружување, подобра хигиена и долгорочна заштита на животната средина”, изјави градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова.
Локалната самоуправа продолжува со континуирани вложувања во руралните средини, со цел обезбедување современи, безбедни и функционални комунални услуги за сите граѓани, додаде Стаменкова.
Home МАКЕДОНИЈА Македонска Каменица: Изградба на фекална канализација во Тодоровци – инвестиција од 4...


