Голема драма се одвиваше за време на денешните протести во Сараево, кои избија поради стравичната трамвајска несреќа што ја потресе Босна и ХерцеговинаИмено, кога демонстрантите стигнале до Алипашината џамија, еден маж со автомобил тргнал кон насобраните граѓани.Со брзата интервенција на полицијата била избегната трагедија, возачот бил легитимиран, а потоа уапсен. Кај него била пронајдена дрога.


