Татко во Софија си го уби синот, a ќерката и мајка му се тешко ранети

0
27

44-годишен маж во населбата Подујане во Софија го избодел до смрт својот 21-годишен син и тешко ја ранил својата 15-годишна ќерка, како и 78-годишната мајка.Според информациите од истрагата, осомничениот Петко Топурски (44) е уапсен под сомнение за убиство и обид за убиство. Неговиот син Красти (21) починал на местото на настанот, и покрај обидите на медицинските екипи да го реанимираат.
Ќерката Ема (15) била префрлена во болница во исклучително тешка состојба..
Мајката на осомничениот, исто така, била хоспитализирана со убодни рани во пределот на градите и стомакот.
Од Обвинителството во Софија потврдија дека напаѓачот е во притвор.