Премиерот на Сараевскиот кантон, Нихад Ук, денес поднесе оставка во преземајќи политичка одговорност по трагичната трамвајска несреќа во која загина 23-годишниот Ердоан Моранкиќ, а четири лица беа повредени.Оставката следува по неколкудневни масовни протести што се одржуваат од 12 февруари, денот кога се случи несреќата. Ук претходно најави дека се повлекува од функцијата во недела, 15 февруари, со што завршува тригодишниот мандат на владата што ја предводеше
Ук објави и дека од денес на 17 февруари, сите стари трамваи што биле технички исправни се повлечени од сообраќај, а ќе се спроведат дополнителни технички анализи, чии резултати ќе бидат јавно објавени.


